Ангелов и Аеропос го средија поранешниот шампион Диомидис

Тимот на Аеропос од Воден, каде што настапува македонскиот интернационалец Иван Ангелов, забележа нова победа во грчкиот шампионат. На домашен терен славеше против поранешниот грчки шампион Диомидис Аргос со 26:20. За Диомидис брани екс голманот на Пелистер и Работник, Игор Арсиќ.

Ангелов беше стрелец на 3 голови, но одличен беше и во одбраната, за што сведочат и само 20 примени голови во текот на целиот натпревар. Аеропос сега има биланс 3 победи и 2 порази, а следниот предизвик го има на гости кај Драма.