Ангеловски за 24Ракомет ТВ: Жалам што не соработував со Раул (ВИДЕО)

Бранко Ангеловски вечерва во Битола го одигра последниот натпревар во својата богата кариера. Преку Пелистер, Пролет, Вардар и Металург, стигна до Загреб, Винтертур, Тулуз и Констанца каде што се задржа најдолго време.

За македонскиот национален тим играше на 159 натпревари, а постигна 392 голови. Многу емоции имаше во спортската сала „Младост“ во Битола, а Ангеловски не го криеше задоволство од тоа што публиката беше присутна во голем број. За постигнатото во клупската и во репрезентативната кариера, за идните планови погледнете во изјавата подолу…