Ангелковски со добра партија против поранешниот тим

Македонскиот интернационалец Стевче Ангелковски, беше меѓу најдобрите поединци во тимот на Алфелд во победата над неговиот поранешен тим ТУС Ботфелд со 30:28, во рамките на 6 коло од регионалните лиги на Германија.

Ангелковски беше втор стрелец во Алфелд и постигна 4 голови, а подели и 4 асистенции до соиграчите. Со оваа победа Алфелд останува во конкуренција за пласман во ранг погоре, а во следното коло ќе игра на гости против ТВ Шенде.