Ангелика Вален: Тулон е совршен предизвик за мене

Шведската интернационална Ангелика Вален ова лето преминува во францсуки Тулон по потпишаниот двегодишен договор со француската екипа.

28-годишната Вален се реши на овој чекор после пет сезони поминати во Данска каде што настапуваше за екипата на Рандерс.

“Франција отсекогаш била посакувана дестинација. Сметам дека во таа лига можам многу добро да се вклопам поради начинот на кој играм ракомет кој е ист на стилот што го практикуваат французинките “

Голема заслуга за овој трансфер има добрaта пријателка на Вален, Хана Фогелстром која веќе игра во францускиот гигант.

“Зборував со мојата добра пријателка Хана Фогелстром која даде добри препораки за мене во клубот. Многу значи да се има добар пријател кога ќе се решите на ваков чекор ” изјави Вален за данските медиуми.