Ангела Тодоровска потпиша за Динамо од Букурешт

Ракометарката која го носеше дресот на Вардар јуниор, Ангела Тодоровска се пресели во Романија и веќе се договори со екипата на Динамо од Букурешт.

Ова е нова страница во кариерата на младата ракометарка, која ќе се обиде на овој начин да стекне меѓународно искуство и да напредува во кариерата. Инаку, се работи за играч кој настапува на бековската позиција, а секако настапите во романското првенство може да и донесат и напредок во нејзината игра.