Анализа: Кој ќе игра во финалето на Струга 2014

Во вториот натпреварувачки ден, екипите на Азоти Пулави и Вардар направија значаен чекор кон финалето на турнирот „Струга 2014“.

Полската екипа им ги одзема сите шанси на француски Кретеј, кој по два одиграни натпревари е на втората позиција со по една победа и пораз, ист број бодови како и Азоти, но полоша гол разлика од -2. Полјаците пак доколку сакаат да играат во финалето, денес треба да победат против македонскиот шампион или да загубат, но не повеќе од 5 голови. Металург, по првиот натпревар има -3 гол-разлика и доколку победи денес, потребна им е победа од најмалку 5 голови разлика и постигнати повеќе од 30 голови на натпреварот или победа од 6 голови разлика за сигурен пласман во финалето.

Во втората група, екипата на Вардар има многу полесна задача во вториот меч против Металопластика, откако во првиот натпревар го совлада Санкт Петербург со 35-22 и си ја зацементира првата позиција и пласманот во финалето. Теоријата вели дека за Металопластика да биде прва во групата потребна и е победа од 13 голови разлика или 12 голови и повеќе од 35 постигнати погодоци.

Натпреварите од третиот натпреварувачки ден се на програмата од 19:00 РК Вардар Скопје – Металопластика и 20:45 РК Металург – Азоти Пулави.