Амбициозниот клуб Левалеа на мегдан против Крим во Никшиќ

Денес со почеток од 18 :00 часот во Никшиќ ќе се одигра пријателски натпревар помеѓу ЖРК Левалеа од Црна Гора и РК Крим Меркатор од Словенија. Во летниот период црногорскиот клуб ангажираше десет нови ракометарки кои играа во странство и се членки на јуниорската и кадетската репрезентација на Црна Гора. Амбициите на клубот се второто место во црногорската лига и место во европските натпреварувања. Крим ќе биде вистински тест за младите ракометарки од Никшиќ.

Дуелот против Левалеа ќе биде загревање за Крим и Мирјета Бајрамовска пред натпреварите од женската регионална ракометна лига.