Амбициозната Татабања донесе уште еден унгарски репрезентативец

Екипата на Татабања продолжува да инвестира во составот за следната сезона. После доведувањето на Петер Хорњак и Жолт Балог, унгарскиот тим кој ќе игра во четвртфинале го доведе и репрезентативецот, Габор Анчин.

Десниот бек кој има 28 години е играч на Веспрем, но таму не сметаат на неговите услуги. Оваа сезона настапува во Ференцварош на позајмица од славниот унгарски тим.

Покрај Вепрем, Анчин настапуваше и за гиганти како Рајн Некар Левен и ПИК Сегед. Успешен е со својата репрезентација за која даде над 200 гола.