Амандин Лејно имаше одличен ден: Горда сум на моите колешки

Голманката на Вардар, Амандин Лејно имаше неверојатна партија. Бранеше одлично во текот на целата средба. Во првото полувреме запре десет удари, додека во вториот дел имаше уште седум. Меѓу нив беа и оние две во последните секунди кои сигурно ќе бидат меѓу најдобрите во колото.

„Ларвик одигра одлично и ни беше многу тешко. Се обидувавме во текот на целата средба да одиграме квалитетно. Горда сум што успеавме да бидеме на ниво над противникот и што се боревме до крајот и успеавме да победиме“, изјави Лејно.