Алушовски: Се надевавме на победа, но кој можеше да помисли дека ќе славиме седум разлика!

Тимот на Еурофарм Работник прослави голема победа во Автокоманда, откако беше подобарод вицепрвакот Металург со убедливи 25-32. Ова е голем чекор кон второто место, но тренерот Стевче Алушовски предупредува дека не смее да има опуштање.

„Ние се надевавме дека ќе извадиме позитивен резултат, но дека ќе биде седум разлика кој можеше да се надева. Имавме неповолна ждрепка, но ова што денес го направивме треба да биде голем мотив за наредните натпревари, не чека дерби со Пелистер“, вели Алушовски.

Тој смета дека освен Вардар, сите други екипи имаат шанси едни против други.

„Сметам дека освен Вардар, сите други екипи може да се изненадат меѓусебе. Треба да останеме сериозни, напрвивме еден мал чекор, не чекаат уште девет кола и ќе пробаме да ги добиеме сите останати натпревари освен оние со Вардар, каде не сме фаворити, но и тогаш нема да одиме со бело знаме“, продолжува стратегот на Еурофарм Работник.

Алушовски вели дека Металург не е толку послаб од Еурофарм колку што покажува резултатот.

„Игравме многу во грч на стартот, затоа што Металург одамна не бил поразен на домашен терен освен од Вардар, тоа ги држеше моте играчи во грч. Пресуди кога ја затворивме средината, кога нашите голмани одбранија. Мислам дека резултатот е малку нереален, Металург не е послаб за седум голови разлика“, заврши Алушовски.

Следен предизвик за Еурофарм Работник ќе биде градското дерби против Пелистер, кое ќе се игра в недела од 17:00 часот.