Алтхаус: Среќна сум за оваа победа, а посебно за нашата публика!

Кога мораше да се победи, Вардар покажа подобра игра. Сеуште не е достигнато идеалното ниво, но мора да се освојуваат уште бодови. Токму тоа го потенцираше тренерот на Вардар, Кастратовиќ на прес-конференцијата по натпреварот со Лајпциг.
Индира Kастратовиќ, тренер на екипата на Вардар:
Честитки за екипата на Лајпциг, а истотака сакам да им честитам и на моите девојки кои што одиграа одличен натпревар во дефанзивата, но од играта во нападот не сум баш задоволна. Суслина беше одлична на голот, но истотака морам да ја спомнам и нивната голманка којашто беше одлична, двете имаа свој ден. Имаме уште многу да работиме, и секако да се фокусираме на следниот многу важен дуел против Крим.
Норман Ренч, тренер на екипата на Лајпциг:
Честитки за победата на Вардар ова беше тактички тежок натпревар во сите шеесет минути, го изгубивме натпреварот во вториот дел. Суслина беше фантастична и ги откажа моите ракометарки. Вардар беше фаворит, денес играше како тим и затоа победи. Јас сум горд на мојата екипа одигравме одлични шеесет минути, ќе се обидеме наредната година да бидеме уште подобри.
Луиза Шулце, ракометарка на екипата на Лајпциг:
Тежок натревар во сите шеесет минути, Вардар победи и тоа е тоа. Голманот им беше фантастичен, ние многу шутиравме таа одлично бранеше и не ни дозволи да победиме.
Ања Алтхаус, ракометарка на екипата на Вардар:
Среќна сум и горда на моите соиграчи, одигравме одличен натпревар посебно во одбраната. А посебно сум среќна за оние кои не подржуваа, постои можност за напредок во нашата игра, на повисоко ниво, што се надевам дека ќе го достигнеме во иднина.