Алката која ја правеше разликата за Будуќност, на трибините во „Ласло Пап“ (ФОТО)

Поранешната репрезентативка на Германија и некогашен голман на Будуќност, Клара Волтеринг во минатото важеше за најдобриот голман во женскиот ракомет. Бројните награди и титулите од Лигата на шампиони создадоа имиџ на хероина во Подогорица, затоа најавата дека ќе го напушти црногорскиот првак на почетокот на изминатава сезона создаде лоша клима меѓу навивачите на Будуќност. Таа беше една од најзаслужните ракометарки за европскиот трофеј минатата година, како и за пласманот во финалето во Лигата на шампионите пред две години.

Клара Вотеринг на неверување на црногорските навивачи се врати во Германија во својот матичен клуб каде и ја заврши долгата интернационална кариера.

klara votering

Сепак Клара не заборави на убавите спомени, пријателства и фанови од Подгорица и пристигна во Будимпешта да навива за својот поранеше клуб. Поддршката од трибините на Ф4 турнирот не беше доволна за црногорскиот шампион да ја одбрани титулата во елитното натпреварување.