Алисон Пино продолжува во Ним!

Поранешната ракометарка на ЖРК Вардар, Алисон Пино својата кариера ја продолжува во Ним, Франција. Пино пред да потпише за Ним беше поврзувана и со Баја Маре од Романија. На централната позиција француската екипа ја има одличната репрезентативка на Тунис, Муна Чебах која е архитект на екипата. Со доаѓањето на Пино ќе се зголеми конкуренцијата на централната позиција, но и ќе се зголемат шансите за пласман на Ним меѓу трите најдобри екипи во француската лига.
Пино беше дел од Иси Париз, Мец, Олчим Валчеа, ЖРК Вардар и РК Крим Меркатор. Во 2009 -та година беше избрана за најдобра  ракометарка во светот од страна на ИХФ.