Алисон Пино не издржа ниту во Крим: Спогодбено раскинат договорот со француската репрезентативка!

Откако репрезентативката на Франција, Алисон Пино спогодбено го раскина договорот со македонскиот шампион ЖРК Вардар, денес на официјалната веб страна на новиот клуб на Алисон Пино, РК Крим Меркатор имаше објавено соопштение дека е раскинат договорот со централниот бек на репрезентацијата на Франција.
Алисон Пино за екипата на Крим Меркатор одигра три натпревари во втората рунда од Лигата на шампионите и постигна вкупно 10 погодоци. Пино е третата ракометарка која го напушта Крим, прва ракометарка која замина од Љубљана беше поранешната репрезентативка на Македонија, Марина Ламбевска, па за извесен период си замина и ракометарката од Данска, Мелани Бак.
Пред да го засили Крим, Пино имаше понуди и од други клубови па така нема да и биде многу тешко да најде нов клуб.

Фото:rkkrim.com