Алингсас и Шарт мирољубиво за старт на Струга 2016

Во првиот официјален натпревар на струшкиот турнир, шведскиот состав на Алингас ги подели бодовите со француски Шартр а двете екипи постигнаа по 24 погодоци.

Почетокот на мечот делуваше дека шведскиот состав ќе доминира на теренот, брзи пробиви и грешки во француските редови беа причина Алингсас да поведе со два погодока предност. Сепак работите се сменија на половина од првиот дел, брзите продори на Алингсас значеа неизнудени грешки во нападот, а тоа го искористи францускиот состав за превземање на водството. Резултатската нишалка продолжи и во следниот период, а на крај по триесет минути им даде предност на Швеѓаните од два гола 11-13.

strugadn1-5

На почетокот на вториот дел скандинавците дојдоа и до четири голови предност, со која влегоа во последниот период (24-20), но кога љубителите на ракометот во Струга веќе го видоа победникот, ракометарите на Алингсас дозволија со пресврт во послените моменти од мечот да се изборат за нерешен резултат (24-24).

strugadn1-6

Најпрецизни во составот на Алингсас беа Енстром и Персон, додека кај Шарт Гуилен и Молие постигнаа по пет погодоци.

Во следното коло, утре(19:00) Шарт ќе ги одмери силите со битолски Пелистер, додека Алингсас ќе паузира до третото коло.

ФОТО:Кристина Затуровска & Александра Дејкоска