Алиловиќ: Македонија е сериозен тим!

Еден од најискусните во составот на Хрватска, секако е голманот на унгарски Веспрем, Мирко Алиловиќ. Пред еден од клучните натпревари за репрезентациите на Македонија и Хрватска, Алиловиќ за играта на Македонија вели:

Македонија е искусен и компактен тим. Пак секоја топка зависи од Киро, но има големи искуство структурата на македонската репрезентација. Штета за вас што Мојсоски не играше половина година, но Манасков е одличен, Миркуловски игра во силната Бундеслига, Борко секогаш на големите приредби е одличен. Македонија е сериозен тим. Имавме можност да го гледаме и првиот и вториот меч, вчера со Србија не гледавме, бидејќи ние тогаш исто така игравме, но вие можевте да ги добиете и Франција и Полска. И минатата година во Доха нашиот меѓусебен меч беше многу тежок. Така ќе биде и утре“