Алборг не беше проблем за Манасков и Веспрем

Унгарскиот шампион Веспрем немаше проблеми на домашен терен во Лигата на шампионите и ја забележа петтата победа во шестиот наптревар. Избраниците на Љубомир Врањеш беа подобри од данскиот тим Алборг со 30:24, иако во еден момент имаа и плус 9.

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков постигна 2 гола од 3 обиди и тоа само во првиот дел. Најдбар стрелец беше Мате Лекаи со 7, а по 3 дадоа Илиќ, Гајиќ, Маргуч, Нилсон, Анчин и Благотиншек. Кај гостите се истакна Халд Јенсен со 6 голови.