Актуелниот првак во ЛШ ја има најдобрата дефанзивна линија

Со натпреварите коишто се одиграа завчера во Украина и во Швајцарија стартуваше новата сезона во Лигата на шампионите, но дури денеска стартува вистинското кога на терен излагаат тимовите од групите А и Б каде што се главните кандидати за пласман на фајнл-фор турнирот во Келн.

Според она што може да се заклучи од составите коишто се формирани сезонава ќе има неколку екипи коишто играат одлично одбрана, а на таа листа највисоко котира Вардар кој во своите редови има одлични дефанзивци што можеше веќе да се забележи на неколку од официјалните натпревари кои беа одиграни во септември.

  1. ВИВЕ КИЕЛЦЕ

Шампионот на Полска минатата сезона не одигра најдобро во Лигата на шампионите, а причините за ова лежат во лошата одбрана. Имаа рекордно лоша сезона, па сезонав асе очекува многу повеќе. Се знае дека во Полска секогаш тимовите играат добро во одбраната, па сега е на Талант Душебаев да ги разбуди своите момци.

  1. РАЈН НЕКАР ЛОВЕН

Тимот на Филип Талески одличната игра во одбраната од Бундес лигата лани не успеа да ја префрли и во Лигата на шампионите. Сепак, годинава тимот влегува со далеку поголеми очекувања и играта во одбраната е уште посилна од лани.

  1. ППД ЗАГРЕБ

Загреб важи за особено квалитетен тим во одбраната кога игра на домашен терен. Никој не смее да се опушти кога игра во Арената така што е јасно дека нема да може да очекува да се изнадава голови во Загреб. Игор Вори ќе биде клучот во новата сезона и тој би требало да ја води одбраната на Загреб.

  1. КИЛ

Лани тимот беше далеку од потребното и беше под нивото исто како и другите клубови од Германија. Сезонава со голманскиот двоец Никлас Ландин и Андреас Волф очекува далеку подобри резултати. Со нив во форма одбраната ќе биде далеку поквалитетна.

  1. ФЛЕНЗБУРГ

Се работи за една од подобрите дефанзивни екипи во Германија која сигурно ќе биде во центарот на вниманието и годинава. Сепак, останува да се види дали тимот може да го задржи нивото коешто го имаше во последните години после заминувањето на Љубомир Врањеш.

  1. ПИК СЕГЕД

Се работи за домашна екипа која пред својата публика далеку помоќно особено на дефанзивен план. И понатаму се вториот тим во Унгарија, но нивната одбранбена сила може да им даде голема предност над повеќето екипи така што не е случајно тоа што имаа најмалку примени голови во групната фаза во минатата сезона.

  1. БАРСЕЛОНА

Еден од најдобрите напади потекнува од ефективната одбрана. Се работи за екипа која одлично знае да се снајде со 6-0, 3-3, 5-1 или која било друга одбрана. Командант во одбраната е Виран Морос, а кога тој е во форма секогаш е полесно да се игра на теренот.

  1. ВЕСПРЕМ

Иако имаат повремени пропусти, сепак, ракометарите на Веспрем важи за една од подобрите. Во минатата сезона во фазата по групи ниту еден тим не успеа да стигне до 30 гола против овој клуб.

Сега клубот има нов тренер, Љубомир Врањеш, а покрај тоа во него е и Дејан Манасков. Се очекува да се игра 6-0, но мал проблем може да бидат годините на ракометарите коишто се веќе на залезот на кариерата како Илиќ и Наѓ.

  1. ПСЖ

Со браќата Карабатиќ минатогодишните полуфиналисти на фајнл-фор турнирот можат да издржат против секој напад во Лигата на шампионите. Тука е и специјалистот за одбрана Хенрик Мелгард  така што одбраната на ПСЖ е високо на листата, а постои потенцијал за уште поголем напредок.

  1. ВАРДАР

На средбите од СЕХА-лигата се виде дека Вардар може да игра различни одбрани бидејќи во своите редови има многу квалитетни играчи кои може да одговорат на потребите во секој момент. Прв дефанзивец е Илија Абутовиќ, но Мијајло Марсениќ, Вуко Борозан, Жоан Кањелас… се играчи кои знаат да одиграат на секоја позиција од двојка до петка во одбраната. Тоа го прави Вардар тим кој тешко се пробива, а тоа најдобро го видоа ракометарите на Брест Мешков кои во одредени моменти не знаеја како да пробијат до голот.

Кога тука ќе се придодаде и 215 сантиметри високиот Даини Криштопанс сосема извесно е зошто Вардар е највисоко на оваа листа на екипи кои играат најдобра одбрана.