Ако не можеш да го запреш Стоилов, пробај да му го соблечеш шорцот (ВИДЕО)

Одиграни се само 60 минути, но веќе е јасно дека Вардар е првиот четвртфиналист во Лигата на шампионите и реваншот во Скопје следната сабота ќе биде само формалност.

Победата од 27:18 на гостувањето кај Загреб е од големо значење, а уште позначајно е тоа како Вардар играше на овој натпревар против домаќинот, со каков жар и желба се одеше на секоја топка и како беше прочитана играта на противникот.

Стојанче Стоилов беше одличен на линијата од шест метри, a противниците неможејќи да го запрат, дури пробаа да му соблечат и шорцот.

Погледнете….