Ако нешто пропуштивте: Најдоброто од Пик Сегед-Вардар во 200 секунди (ВИДЕО)

Натпреварот после кој ракометарите на Вардар имаа повеќе причини за радост донесе интересен епилог. Пик Сегед победи со 29:25, но Вардар е составот кој оди во следната рунда.

Имаше многу интересни моменти, убави погодоци, но и несакани сцени на крајот од натпреварот. Попуштија нервите кај домашниот тим, па последната минута траеше подолго од предвиденото. Сепак, немаше проблеми и дуелот заврши според очекуваното.

Ако нешто пропуштивте и сакате да го погледнете набрзина тоа можете во видеото кое трае 200 секунди. Тоа ќе можете да го погледнете на следниот ЛИНК.

Доколку, пак, сакате да го погледнете целиот натпревар, можете да го проследите на следниот ЛИНК.