Ако нешто пропуштивте: Најдоброто од првата победа на Еурофарм Работник во четири минути (ВИДЕО)

Еурофарм Работник дебитираше во СЕХА лигата со победа пред својата публика во Битола, а против исто така дебитантот од Русија забележа триумф од 34:29. Во меч со пресврт и со многу интересни моменти ова е одличен резултат кој сигурно ќе даде многу за натамошниот дел од сезоната, но и за дуелите од Лигата на шампионите.

Што и како се случуваше на оваа средба можете да погледнете од видеото во продолжение каде во четири минути се најдобрите моменти од овој дуел.