Ако е за утеха…Лазаров дел од идеалниот тим на првите квалификациски кола за ЕП (ВИДЕО)

Во првите две квалификациски кола за пласман на континенталниот собир по две годни, македонската репрезентација има само половичен успех, иако очекувањата пред дуелите со Исланд беа полн плен на двата меча.

Сепак момците на Раул Гонзалес одиграа под нивните можности, особено ги разочараа навивачите со поразот во Грција, но и покрај тоа капитенот Кире Лазаров се најде во идеалниот тим на првите две квалификациски кола поради неговите одлични индивидуални изданија.

ЕХФ во идеалниот тим место го смести и ракометарот на Вардар – Данил Шишкарев на позиција десно крило. Чешкиот репрезентативец Јакуб Хрстка е најдобро лево крило, додека Данецот Микел Хансен е најдобар лев бек, а Швајцарецот Енди Шмид е најдобар среден бек. За најдобар голман е прогласен Португалецот Алфред Кинтана, додека најдобар пивотмен е Унгарецот Бенце Баниди.