Ако го пропуштивте мечот: Најдоброто од Вардар-Пик Сегед во 90 секунди (ВИДЕО)

Вардар победи со 31:23 во првиот меч против Пик Сегед и одработи неверојатни 60 минути со што сега е на само чекор од третото учество во серија на Ф4 турнирот во Келн. Според тоа како играат момците за очекување е дека нема да имаат проблеми за да бидат победници во овој двобој, но во секој случај има уште 60 минути.

На првиот дуел имаше многу интересни моменти, убави погодоци, но и често менување на предноста. Вардар беше во постојано водство и во позитива така што беше прашање на време кога ќе проработи машината. Тоа дојде во финишот кога Пик Сегед се загуби во пеколот во СЦ „Јане Сандански“.

Ако не го следевте овој дуел, а немате доволно време за да го погледнете целиот меч тогаш можете да ги видите најдобрите моменти од средбата. Во видео од 90 секунди можете да уживате во големиот триумф на Вардар.

Овие моменти можете да ги погледнете на следниот ЛИНК.