Аеродром продолжи со убедливите партии, и Риниа помина на редот

Аеродром продолжи да ги радува своите навивачи. Младите ракометари на Дарко Петровски дојдоа до нова победа во плеј-аутот при Првата лига, а жртвата беше Риниа. На гости, аеродромци славеа со 44:36.

Високата предност гостите ја обезбедија во вториот дел. Во првиот имаа водство од самиот старт, но Риниа некако успеаваше да се одржува во игра и покрај тоа што имаше негатива од 3 или 4 гола. По 19:16 на полувреме, вториот дел донесе пад во играта на Риниа и разигран напад на Аеродром.

Гостите одново постигнаа над 40 голови и скоро сите се запишаа во листата на стрелци. Најдобри беа Кристијан Ташевски и Марко Митев со по шест. На другата страна Бојан Маркоски погоди 12 пати.