Австријците силен ривал за Србија: Марсениќ со еден погодок во победата во Тулн

Репрезентацијата на Србија го доби првиот од двата дуели против Австрија со 34:32 во пресметката која што донесе двобој во кој поголем акцент беше ставен на нападот. Средбата мина со голем пресврт откако Австрија водеше после првите 30 минути со 19:15.

Победникот беше решен во последните пет минути кога Србија дојде до серија од 5:1 при резултат 31:29 во корист на Австријците.

На оваа средба во составот на Србија беше и пивотот Мијајло Марсениќ, кој постигна само еден погодок. Голманот Страхиња Милиќ не беше во тимот поради повреда на окото.