Австрија со убедлива победа во првиот подготвителен натпревар

Австрија го одигра првиот подготвителен натпревар за Светското Првенство 2015. Швајцарија беше рамноправен противник единствено во првите 30 минути, но второто полувреме беше пресудно за разликата со која Австрија ја победи Швајцарија. Конечниот резултат од 32-23 е одраз на одличното второ полувреме кое Австрија го доби со 18-10.
Следниот натпревар Австрија ќе го одигра во четврток на 8.1.2015 со истиот противник. Во рамките од групата Б на 23 јануари Австријците ќе се спротивстават на Македонија за пласман во 1/8 финалето од СП2015.