Австрија подобра од Босна и Херцеговина во дуел за пласман во последните 16

Селекцијата на Австрија дојде до првата победа на Светското ракометно првенство -2015. Австријците беа подобри од БиХ со резултат 23:21 ( 11:12).

Првото полувреме помина во изедначена борба на двете репрезентации кои постојано го менуваа резултатот на семафорот. Репрезентативците на БиХ од 20-тата минута па се до крајот на првиот дел одржуваа водство од еден разлика. Во вториот дел селекцијата на БиХ немаше доволно сила да и се спротистави на Австрија која во последните 30 минути беше подобар противник. Голманот на Австрија, Мариновиќ блескаше во моментите кога се кршеше резултатот. За само 18 минути ракометарите на БиХ постигнаа само два погодоци. Лошата реализација во напад во второто полувреме беше причина за пораз на репрезентативците на БиХ.

HANDBALL BOSNA 2

Најефикасни во селекцијата на Австрија со по четири погодоци беа Вебер и Шилаги, додека во составот на БиХ се истакна Малиновиќ со шест погодоци. Следен предизвик за Австрија ќе биде репрезентацијата на Тунис, а БиХ ќе се сретне со селекцијата на Македонија.