Австрискиот голман ја напушта Бундеслигата: Мариновиќ две години во Кадетен Шафхаузен

Голманот на австриската ракометна репрезентација и член на Гепинген, Никола Мариновиќ од наредната година се сели во Швајцарија каде ќе ги брани боите на Кадетен Шафхаузен. Искусниот 38 годишен чувар на мрежата потпиша двегодишен договор со можност за продолжување на соработката на уште две години.
Мариновиќ е добро познат на македонската ракометна јавност бидејки бранеше за Австрија против нашата репрезентација. Во својата кариера има одиграно 152 интернационални натпревари.

Продолжувам понатаму со нови предизвици. Со Кадетен сакам да бидам успешен и во домашното првенство и на интернационална сцена и да се борам за освојување на титулите.