Абало останува во Париз до 2019 !

Екипата на ПСЖ го продолжи договорот со едно од најдобрите десни крила на светот, Лук Абало. Францускиот репрезентативец останува во Париз до јуни 2019 година, каде заедно со Уве Генсхајмер од наредната година ќе претставуваат еден од најдобрите тандеми на крилната позиција.

„Среќен сум што го продолжив договорот. Сакам да ја продолжам оваа авантура на две нивоа, спортска и човечка. Се надевам дека ќе продолжиме да освојуваме титули, и дека ќе стигнеме и до најголемата во Лигата на шампионите. И во иднина ќе давам се од себе за клубот да бележи извонредни резултати“– изјави Абало.

„Горди сме што Абало го продолжи договорот со нашиот клуб. Тој е еден од првите ракометари кои веруваа во проектот силен ПСЖ, со што стана еден од симболите на овој клуб.“– изјави извршниот директор на клубот Jean-Claude Blanc.

Абало од Атлетико Мадрид во 2012 година пристигна во екипата на ПСЖ. Тогаш на чело на францускиот клуб дојдоа катарски газди кои најавија доминација на ПСЖ во европски рамки. Беа ангажирани најдобрите светски ракометни имиња кои во Париз треба да го донесат најзначајниот пехар од Лигата на шампионите. Останува да видиме дали ќе успеат во тоа.

photo: PSG